АКАДЕМИЈА ЗА ОДРЖЛИВОСТ 2015 – ЗЛАТИБОР, Р. СРБИЈА

Од 6 до 10 јули 2015 година на Златибор ( Р. Србија) се одржа Регионалната академија за одржливост. Академијата беше организирана од страна на SIGN мрежата во рамки на проектот SIGN за одржливост, финансиран од Европската унија и Балканскиот фонд за демократија. На академијата учествуваа претставници од 25 организации од пет земји во регионот  (Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Косово).  Р. Македонија ја претставуваа по два члена  од петте граѓански организации кои беа најуспешни во првиот циклус на Академијата (2013-2014) и тоа: Младинска комора Битола, ХАЕ Македонија, Eco Action Тетово, ПРОФИЦИО Скопје и Радика ДЕ Дебар. Тие низ процес на активно учење се запознаа со напредните методи и техники за обезбедување на долгорочна одржливост  преку  поттикнувањето и развојот на индивидуалната и корпоративната филантропија во нивните локални заедници.

Во текот на петдневната обука учесниците се стекнаа со напредно знаење за прибирањето на средства, унапредувањето на комуникациските вештини, траспарентноста и отчетноста кон граѓаните и локалните заедници, социјалното претприемништво и долгорочното финансиско планирање, неопходни за обезбедувње на поголема и подолгорочна поддршка за своите програмски активности.

На последниот дел од тренингот, претставниците од сите организации беа поделени во тематски групи како низ практична вежба би го примениле стекнатото знаење и вештини во пракса. Во рамки на натпреварот, секоја група направи мини концепт за добивање на поддршка кој беше претставен  на жирито кое имаше задача да ги оцени претставените концепти. Членови на жирито беа Андреа Брбаклиќ (Ерсте Банка Србија), Елеонора Абјаниќ (Електростопанство на Црна Гора), Фарис Њемчевиќ (ВГТ Осигурување, БиХ) и Веран Матиќ (Фонд Б92, Србија). Пред објавувањето на победничкиот тим, членовите на жирито на сите учесници им обезбедија повратни информации и вредни совети поврзани за прибирањето на средства од здруженија и поединци во заедниците во кои работат.

Посебен гостин на Академијата беше и Николас Отар Макарашвили од американската организација Bolder Giving кој се осврна на важноста на ,,градењето на добри приказни и култивирање на донаторите”.  Неговата сторија за впечатоците од Академијата можете да ја прочитате  овде (на англиски јазик).

dscn2480

По завршувањето на академијата, а во тек на 6 месеци, учесниците врз база на стекнатите знаења и вештини ќе дизајнираат и развијат кампања за прибирање на средства со цел да соберат максимум од 4.000 евра од локални извори. Собраниот износ на средства ќе биде удвоен во форма на проектен грант од страна на ХОРУС. Сите средства кои граѓанските организации ќе ги соберат, ќе бидат искористени за имплементација на нивните проекти и иницијативи за развој на локалната заецниа, како и за продлжување на нивните кампањи и активности за прибирање на средства, обезбедувајќи на тој начин диверзификацција на на своите финансиски извори и за поголема и подолгорочна одржливост.

dscn2779