ДОДЕЛЕНИ ПЕТ ГРАНТОВИ НА ОРГАНИЗАЦИИТЕ –УЧЕСНИЧКИ ВО ВТОРИОТ ЦИКЛУС НА АКАДЕМИЈАТА ЗА ОДРЖЛИВОСТ

Договорите со организациите-учеснички во вториот циклус на Академијата за одржливост кои успешно ги реализираа активностите за прибирање на средства зацртани во нивните планови и на тој начин се квалификуваа за грант од ХОРУС беа потпишани кон крајот на април 2016 година, а вкупниот доделен износ на грантови изнесува 1.228.000 денари или 20.000 евра. Грантовите беа доделени врз основа на т.н. ,,предизвик”, односно доколку организацијата успее да е средства во максимална висина од 4.000 евра од индивидуални или донатори од деловниот сектор, ќе и биде доделен грант од ХОРУС во однос 1:1.  Особен квалитет во реализацијата на активностите за прибирање на средства кои организациите ги реализираа во своите заедници беше примената на  иновативни и долгорочни/стратешки методи за мобилизација на ресурси и стварање на ,,круг” на постојани донатори, како и градење на долгорочни партнерства со бизнис секторот и индивидуалните донатори. Средствата за грантовите беа обезбедени во рамки на проектот SIGN за одржливост кој е финансиран од Европската унија и кофинансиран од Балканскиот фонд за демократија.

hae-logo

  1. Здружение: ХАЕ Македонија

Наслов на проектот: Регионално вмрежување на здруженија на ХАЕ пациенти од Балканскиот регион

Целта на проектот е да поттикне соработка меѓу ХАЕ пациентите од Балканскиот регион преку реализација на регионална средба со доктори и пациенти од Балканскиот регион, мотивирање на пациентите да формираат здруженија во земјите  од регионот каде сеуште ги нема, како и  обезбедување на пристап до терапија преку GAP – Global Access Program (Светска програма за пристап) во земјите каде што нема терапија за пациентите заболени од ХАЕ.

Времетраење на проектот: 1 мај 2016 – 30 јуни 2016

Вкупен буџет на проектот: 492.000 денари

Доделен грант од ХОРУС: 246.000 денари

logo

  1. Здружение: Младинска комора Битола

Наслов на проектот: Редуцирај, рециклирај и реупотреби

Проектот има за цел да го промовира концептот на редуцирај, рециклирај и реупотреби кај младата популација и поттикнување на негова примена во секојдневието и земање на активна улога на младите во зачувувањето на животната средина.

Времетраење на проектот: 1 мај 2016 – 1 ноември 2016

Вкупен буџет на проектот: 492.000 денари

Доделен грант од ХОРУС: 246.000 денари

eco-action-logo

  1. Здружение: Eco Action Тетово

Наслов на проектот:  Младите за животната средина

Цел е да се подигне свеста кај граѓаните на Општина Тетово за високото ниво на загаденост на животната средина преку едукација на младите преку работилниците за заштита на животната средина, едукација на младите за енергетска ефикасност, како и преку  одбележување на денот без автомобили и подигнување на свеста за последиците од прекумерно користење на патничките автомобили.

Времетраење на проектот: 1 мај 2016 – 1 ноември 2016

Вкупен буџет на проектот: 492.000 денари

Доделен грант од ХОРУС: 248.000 денари

logo-proficio

  1. Здружение: ПРОФИЦИО Скопје

Наслов на проектот: Намалување на миграција село-град  ОТВОРИ СВОЈ БИЗНИС

Проектот има за цел да ги оспособи корисниците за активен настап на пазарот на труд и полесно доаѓање до работно место. Обуки кои ќе придонесат на зголемување на конкурентноста на младите луѓе пазарот на труд, зголемување на можностите за самовработување и на крајот ќе водат кон намалување на невработеноста.

 Времетраење на проектот: 1 мај 2016 – 1 ноември 2016

Вкупен буџет на проектот: 525.000денари

Доделен грант од ХОРУС: 242.000 денари

 radika de logo.jpg

  1. Здружение: Радика ДЕ Дебар

Наслов на проектот:  Зачекори кон патот на успехот

Цел на проектот е намалување на невработеноста на младите од регионот Дебар – Река – Жупа, економско оснажнување на младите од регионот   преку  јакнење на нивните  капацитети, како и поттикнување  и стимулирање на младите  да ги совладаат предизвиците на претприемништвото.

Времетраење на проектот: 1 мај 2016 – 1 ноември 2016

Вкупен буџет на проектот: 496.000 денари

Доделен грант од ХОРУС: 246.000 денари