РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА: ФИЛАНТРОПИЈАТА И ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО – ДЕЛУВАЊЕ ЗА ОПШТО ДОБРО

Во Подгорица, на 22 ноември 2016 година се одржа регионалната конференција насловена Филантропијата  и граѓанското општество – делување за општо добро. Конференцијата ја организираше Фондот за активно граѓанство- ФАКТ од Црна Гора, во партнертво со членките на SIGN мрежата , а во рамки на проектот SIGN за одржливост финансиран од Европската унија и Балканскиот фонд за демократија. Целта на конференцијата беше да се дефинираат клучните претпоставки за изградба на поповолно окружување за развој на филантропијата во регионот.

На конференцијата учествуваа претставници на граѓански организации, деловниот и јавниот сектор од 5 земји од регионот на Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора), кои имаа одлична можност да ги споделат своите искуства и да дадат квалитетен придонес кон што поквалитетна соработка и дијалог за институционалната рамка и алтернативите за одржливо финансирање и работа на граѓанските организации.