ПОВИК ЗА НОМИНИРАЊЕ – НАГРАДИ ЗА ФИЛАНТРОПИЈА ОКО ЗА 2017 ГОДИНА

Здружението ХОРУС го објавува Повикот за номинирање за  годишните Награди за филантропија ОКО за 2017 година.

Цел на Наградите за филантропија ОКО е да се препознаат и јавно истакнат  компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои несебично, долгорочно и на стратешки начин го помагаат и поддржуваат развојот на заедницата  и да го  промовира и стимулира развојот на филантропијата и културата на донирање во Р. Македонија.

Наградите ОКО  им даваат можност на граѓаните, јавните институции,  граѓанските организации и крајните корисници на донациите јавно да ја искажат својата благодарност кон донаторите. Од друга страна, наградите им даваат можност и на самите донатори да добијат поголема поддршка од јавноста за проектите во кои веруваат и со кои навистина придонесуваат кон заживување и развој на вредностите како солидарност, почит, етичност, човекољубие и добродетелство.

Наградите за филантропија ОКО се реализираат во рамки на проектот SIGN Up for Impact (SUfI) имплементиран од  SIGN – регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан, а финансиран од Европската унија.

Наградите за филантропија ОКО за 2017 година ќе се доделат во следниве категории:

  1. ОКО – Награда за корпоративна филантропија (посебна за големо, средно и мало претпријатие)
  2. ОКО – Награда за индивидуален филантроп од Р. Македонија
  3. ОКО – Награда за индивидуален филантроп од дијаспората
  4. ОКО – Награда за здружение/фондација за посебен придонес кон развој на филантропските практики во Република Македонија
  5. ОКО – Награда за медиум за посебен придонес кон развој на филантропските практики во Република Македонија
  6. ОКО –Награда за воспоставено долгорочно-стратешко партнерство помеѓу деловниот и граѓанскиот сектор (заедничка награда за претпријатие и здружение/фондација)

 Формуларите за номинирање можете да ги превземете на следниве линкови:

1. Формулар за номинирање – Награда за корпоративна филантропија (посебни награди за големо, средно и мало претпријатие)

2. Формулар за номинирање – Награда за индивидуален филантроп (од Р. Македонија и дијаспората)

3. Формулар за номинирање – Награда на здруженија и фондации за посебен придонес кон развој на филантропските практики во Република Македонија

4. Формулар за номинирањеНаграда за медиум за посебен придонес кон развој на филантропските практики во Република Македонија

5. Формулар за номинирање за Награда за воспоставено долгорочно-стратешко партнерство помеѓу деловниот и граѓанскиот сектор (заедничка награда за претпријатие и здружение/фондација)

Начин и рок за пријавување:

Пополнетиот Формулар за номинирањe и прилозите се испраќаат во електронска форма на е-мејл адресата nagradizafilantropija@gmail.com со назнака: Номинација за ОКО – Награди за филантропија 2017. Последен рок за доставување на номинациите е 18 јуни 2018 година до 17:00 часот. Сите номинации кои ќе бидат испратени по крајниот рок нема да бидат земени в предвид.

За сите дополнителни прашања во однос на Формуларот за номинирање или за самиот процес на избор, може да ни се обратите преку е-пошта на nagradizafilantropija@gmail.com со назнака Прашање за награди за филантропија.