АКАДЕМИЈА ЗА ОДРЖЛИВОСТ – Повик за пријавувањe

ХОРУС во партнерство со SIGN мрежата, а со финансиска поддршка на Европската Унија, го објавува Повикот за пријавување за програмата „Академија за одржливост”. Оваа програма има за цел да им овозможи на граѓанските организации кои делуваат во заедницата да изградат партнерства со потенцијални нови донатори, да ја унапредат својата долгорочна визија и финансиско планирање и да ја подобрат нивната одржливост, зголемувајќи ја нивната видливост и влијание.

Повикот за пријавување е отворен за сите граѓански организации регистрирани на територијата на Р. Македонија, кои постојат најмалку една година и чија примарна територија на работа е заедницата (село, општина, град) каде што се регистрирани.

Со оваа програма ХОРУС ќе поддржи до 10 граѓански организации кои ќе добијат обуки за прибирање на средства, поддршка при изработката на планови за прибирање на средства, а потоа и технички грант во износ од 700 евра за реализација на активностите за прибирање на средства во заедницата. Организациите кои први ќе ја достигнат планираната сума на финансиски средства за реализација на нивната проектна идеја, ќе добијат соодветен грант во висина до 4.000 евра во зависност од износот на средствата што ги прибрале (т.н. “matching” грант). На овој начин ќе бидат удвоени средствата што граѓанските организации би ги собрале во заедницата, со што потенцијалното вложување во конкретната заедница би можело да изнесува до 8.000 евра.

Предложените проектни идеи/иницијативи треба да опфатат некоја од следниве теми: развој на локалната заедница, заштита на животната средина, социјална инклузија, социо-економски развој, прашања кои ги засегаат жените, родово зајакнување, социјално претприемништво, вработување на млади и антидискриминација. Ве молиме имајте предвид дека сите граѓански организации треба да предложат конкретна проектна идеја за која планираат да собираат средства. Минималниот износ што организациите – кандидати треба да го постават како цел за собирање на средства во заедницата изнесува 2.000 евра.

За да се пријават на овој повик, организациите треба да достават пополнет Формулар за пријавување, кој можете да го најдете овде

Формуларите за пријавување треба да се испратат преку е-пошта на адресата grantovi.horus@gmail.com најдоцна до 21 јануари 2019 година до 17 часот.

Деталните информации за конкурсот и процесот на одлучување можете да ги преземете овде