На настанот кој се одржа на 4 ноември 2021 во М6 Едукативниот центар во Скопје ги доделивме Наградите за филантропија ОКО за 2019 и 2020 година. Добитници на наградите по категории се:
ОКО – Награда за здружение/фондација за посебен придонес кон развој на филантропските практики за 2019 година: Македонија 2025
ОКО – Награда за корпоративна филантропија за мало претпријатие за 2019 година: Екотип доо Скопје
ОКО – Награда за корпоративна филантропија за средно претпријатие за 2019 година: ПЗУ Авицена Лабораторија
ОКО – Награда за корпоративна филантропија за големо претпријатие за 2019 година: ЕВН ад Скопје
ОКО – Награда за индивидуален филантроп од Македонија за 2019 година: Г-а Маргарета Куртиќ
ОКО – Награда за индивидуален филантроп од дијаспората за 2019 година: Г-а Марија Росенгрен
ОКО – Награда за здружение/фондација за посебен придонес кон развој на филантропските практики за 2020 година: Проект Среќа
ОКО – Награда за корпоративна филантропија за 2020 година: Комерцијална банка ад Скопје
ОКО – Награда за индивидуален филантроп од Македонија за 2020 година: Г-н Денис Јанкуловски
ОКО – Награда за индивидуален филантроп од дијаспората за 2020 година: Матеј Минчев и Димитри Ѓорѓиев
Наградите за филантропија ОКО се реализираат во рамки на проектот SIGN Up for Impact (SUfI) имплементиран од организациите-членки на SIGN – регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан, а финансиран од Европската унија, Балканскиот фонд за демократија, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество и Шведската агенција за меѓународен развој.