Ви ја претставуваме публикацијата „Знак дека може“ во која ќе откриете како 15 различни граѓански организации од Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Косово собираа средства во нивните заедници. Ќе го следите нивниот пат по кривулестите и неизвесни патишта за собирање средства, ќе наидете на финти вредни злато и се надеваме – ќе добиете ветер во грб сами да стапнете на споменатите патеки.
И покрај многубројните „ знаци“ за пречки и предупредувања, ова нека биде сигурен знак дека може.
Публикацијата ќе ја најдете на следниов линк:
* Публикацијата е подготвена и објавена од мрежата SIGN, со финансиска поддршка на Европската Унија, Балканскиот фонд за демократија, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка.