НАГРАДИ ЗА ФИЛАНТРОПИЈА ЗА 2021 ГОДИНА

На 22 февруари 2022 година во М6 Едукативниот центар во Скопје се одржа традиционалното доделување на годишните Награди за филантропија за 2021 година.  Од 42 номинации во 6 категории, ги  избравме следниве добитници помеѓу компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои несебично, долгорочно и на стратешки начин го помагаат и поддржуваат развојот на заедницата  и  го промовираат и стимулираат развојот на филантропијата и културата на донирање во Македонија:

  • Награда за  здружение/фондација за посебен придонес кон развој на филантропските практики за 2021 година:  Шепасти Ентузијасти;
  • Награда за медиум за посебен придонес кон развој на филантропските практики во Македонија за 2021 година: Медиумска информативна агенција – МИА;
  • Награда за корпоративна филантропија за мало претпријатие за 2021 година: The Countryside Retreat дооел Ранковце;
  • Награда за корпоративна филантропија за средно претпријатие за 2021 година: Групација Аутомакедонија (Аутомакедонија, АМ Церт и АМ Брокер);
  • Награда за корпоративна филантропија за големо претпријатие за 2021 година: Алкалоид ад Скопје;
  • Награда за индивидуален филантроп од  Македонија за 2021 година:  Г-н Борче Стаменов;
  • Награда за индивидуален филантроп од  дијаспората за 2021 година:  Г-н Дејан Аџиоски;
  • Награда за филантропија за 2021 година за воспоставено долгорочно-стратешко партнерство помеѓу  деловниот и граѓанскиот сектор: OKTA ад Скопје и Фондација Чекор по Чекор.

Наградите за филантропија се реализираат во рамки на проектот SIGN Up for Impact (SUfI) имплементиран од организациите-членки на SIGN – регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан, а финансиран од Европската унија и Балканскиот фонд за демократија.