ЗА НАС

Здружението ХОРУС е основано во ноември 2014 година со мисија да придонесе кон развојот на праведно и отворено општество засновано на начелата на почитување на човековите права, толеранцијата и солидарноста преку поттикнување и поддршка на развојот на граѓанското општество и локалните заедници во Република Македонија.

Стратешки цели на ХОРУС се:

  1. Развој и поттикнување на филантропијата, општествената одговорност и културата на донирање;
  2. Поддршка и поттикнување на активното учество на граѓаните и граѓанските организации во решавањето на проблемите во заедницата;
  3. Развој и поттикнување на социјалното претприемништво и социјалните иновации како модел за одржлив  развој економска и социјална стабилност.

Контакт:

Здружение ХОРУС Скопје

ул. Васил Главинов бр.3/5-2

1000 Скопје, Р. Македонија

Тел: + 389 78 47 47 20

електронска пошта: horus@horus.mk