НАГРАДИ ЗА ФИЛАНТРОПИЈА ЗА 2021 ГОДИНА

доделување на годишните Награди за филантропија за 2021 година.  Од 42 номинации во 6 категории, ги  избравме следниве добитници помеѓу компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои несебично, долгорочно и на стратешки начин го помагаат и поддржуваат развојот на заедницата  и  го промовираат и стимулираат развојот на филантропијата и културата на донирање во Македонија:

ЗНАК ДЕКА МОЖЕ

Ви ја претставуваме публикацијата „Знак дека може“ во која ќе откриете како 15 различни граѓански организации од Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Косово собираа средства во нивните заедници. Ќе го следите нивниот пат по кривулестите и неизвесни патишта за собирање средства, ќе наидете на финти вредни злато и се надеваме -  ќе добиете ветер во грб сами да стапнете на споменатите патеки.

ПОВИК ЗА НОМИНИРАЊЕ – НАГРАДИ ЗА ФИЛАНТРОПИЈА ЗА 2021 ГОДИНА

Здружението ХОРУС го објавува Повикот за номинирање за годишните Награди за филантропија за 2021 година. Цел на Наградите за филантропија е да се препознаат и јавно истакнат компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои несебично, долгорочно и на стратешки начин го помагаат и поддржуваат развојот на заедницата и да го промовира и стимулира развојот на филантропијата и културата на донирање во Р. Македонија.

ЈАВЕН ЛИКОВЕН КОНКУРС: НЕЗАВИСНА ЗЕМЈА, СРЕЌНИ ГРАЃАНИ

По повод 30-годишнината од независноста на Македонија, ХОРУС го објавува јавниот ликовен конкурс насловен „Независна земја, среќни граѓани“. Право на учество на јавниот повик имаат сите физички лица, без оглед на возраста. Делата треба да бидат изработени во форма на цртеж или слика изработени во било која сликарска техника, графика или стрип. Доколку делото содржи текст, тој може да биде на македонски или на било кој јазик кој се зборува на или вон територијата на Македонија. Учесниците ги испраќаат делата во форма на фотографија или скен. Секој учесник може да учествува на конкурсот со најмногу две автентични дела. Делата треба да бидат дигитализирани со висок квалитет и резолуција.

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИСТРАЖУВАЊА: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ФИЛАНТРОПИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА ВО 2018 ГОДИНА И КОМПАРАТИВНА СТУДИЈА ЗА ПЕРЦЕПЦЕПЦИЈАТА НА ФИЛАНТРОПИЈАТА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН

На 12 Ноември 2019 во  Хотел Stone Bridge Скопје, во организација на  ХОРУС се одржа презентација на две истражувања – Годишниот извештај за состојбата со филантропијата во Северна Mакедонија во 2018 година и Компаративната студија за перцепцијата на филантропијата во  Западен Балкан.

SIGNs of CHANGE – ИЗЛОЖБА ПО ПОВОД ДЕСЕТГОДИШНИНАТА НА SIGN МРЕЖАТА

SIGN Мрежата на фондации од Западен Балкан ја прослави 10-годишнината од основањето со организирање на еднодневна конференција и изложба насловени “SIGNs of CHANGE“. Изложбата се одржа во Домот на филантропијата во Брисел на 8 октомври 2019 година.

АКАДЕМИЈА ЗА ОДРЖЛИВОСТ 2019

Во текот на февруари и март 2019 година, се одржаа првите две од трите планирани обуки во рамки на Академијата за одржливост 2019.

На обуките учествуваа по двајца претставници од организациите кои беа избрани на Повикот за учество во Академијата: Проект Среќа, ТАКТ, Слоу Фуд Водно, Мултикултура, СК Клисура –Демир Капија, Заедно Посилни, ЛАР Струга , МКЦ Битола, ИМКА Битола и Црвен Крст на Град Скопје.

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА ФИЛАНТРОПИЈА ОКО ЗА 2017 ГОДИНА

На свеченоста која се одржа на 26 октомври 2018 во Хотел Континентал Скопје беа доделени Наградите за филантропија ОКО за 2017 година. Цел на Наградите за филантропија ОКО, кои ги организира Здружението ХОРУС е да се препознаат и јавно истакнат  компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои несебично, долгорочно и на стратешки начин го … Продолжи со читање ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА ФИЛАНТРОПИЈА ОКО ЗА 2017 ГОДИНА

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА ФИЛАНТРОПИЈА ОКО ЗА 2016 ГОДИНА

На свеченоста која се одржа на 27 февруари 2017 година во М6 Едукативниот центар во Скопје беа доделени Наградите за филантропија ОКО за 2016 година.

Цел на Наградите за филантропија ОКО е да се препознаат и јавно истакнат компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои несебично, долгорочно и на стратешки начин го помагаат и поддржуваат развојот на заедницата и да го промовира и стимулира развојот на филантропијата во Р. Македонија.