ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА ФИЛАНТРОПИЈА ОКО ЗА 2016 ГОДИНА

На свеченоста која се одржа на 27 февруари 2017 година во  М6 Едукативниот центар во Скопје беа доделени   Наградите за филантропија ОКО за 2016 година.

Цел на Наградите за филантропија ОКО е да се препознаат и јавно истакнат  компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои несебично, долгорочно и на стратешки начин го помагаат и поддржуваат развојот на заедницата  и да го  промовира и стимулира развојот на филантропијата во Р. Македонија.

Наградите ОКО  им даваат можност на граѓаните, јавните институции,  граѓанските организации и крајните корисници на донациите јавно да ја искажат својата благодарност кон донаторите. Од  друга страна, наградите им даваат можност и на самите донатори да добијат поголема поддршка од јавноста за проектите во кои веруваат и со кои навистина придонесуваат кон заживување и развој на вредностите како солидарност, почит, етичност, хуманост и добротворство.

Добитници на Наградите  по категории се:

  1. ОКО – Награда за здружение/фондација за посебен придонес кон развој на филантропските практики во Република Македонија:  Фондација Елена Лука
  2. ОКО – Награда за новинар/медиум за посебен придонес кон развој на филантропските практики во Република Македонија: г-ѓа Сунчица Стојановска Зоксимовска
  3. ОКО – Специјална награда за воспоставено долгорочно-стратешко партнерство помеѓу деловниот и граѓанскиот сектор (заедничка награда за претпријатие и здружение/фондација):  АВОН Македонија и Здружение Кризен центар ,,Надеж” Скопје
  4. ОКО – Награда за корпоративна филантропија за мало претпријатие: Пакомак доо Скопје
  5. ОКО – Награда за корпоративна филантропија за средно претпријатие: Адинг ад Скопје
  6. ОКО – Награда за корпоративна филантропија за големо претпријатие: Стопанска банка ад Скопје
  7. ОКО – Награда за индивидуален филантроп од дијаспората: Семејство Фејзулаи – Норвешка
  8. ОКО – Награда за индивидуален филантроп од Р. Македонија: г-ѓа Кристина Арнаудова Петровски

Наградите за филантропија ОКО се реализираат во рамки на проектот SIGN за одржливост имплементиран од ХОРУС, како  организација – членка на SIGN – регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан, а со финансиска поддршка на Европската унија и Балканскиот фонд за демократијаgrupna fotografija.jpg