АКАДЕМИЈА ЗА ОДРЖЛИВОСТ 2019

Во текот на февруари и март 2019 година, се одржаа првите две од трите планирани обуки во рамки на Академијата за одржливост 2019.

На обуките учествуваа по двајца претставници од организациите кои беа избрани на Повикот за учество во Академијата: Проект Среќа, ТАКТ, Слоу Фуд Водно, Мултикултура, СК Клисура –Демир Капија, Заедно Посилни, ЛАР Струга , МКЦ Битола, ИМКА Битола и Црвен Крст на Град Скопје.

Branko

Во текот на двата модули учесниците се стекнаа со знаење и вештини за прибирање на средства од бизнис секторот, индивидуалните донатори, организирање на настани за прибирање на средства и  за долгорочно финансиско планирање, неопходни за обезбедувње на поголема и подолгорочна поддршка за своите програмски активности.

nina

Во рамки на втората обука, г-н Ѓорѓе Колаковиќ од Фондацијата Каталист ги запозна учесниците со можностите на CiviCatalyst платформата за менаџирање на конституенти.

По завршувањето на вториот модул, организациите работеа на доразвивање на нивните проектни идеи во проектни апликации и пристапија кон прибирање на средства во заедницата. Првите седум организации кои ќе ја остварат целта да соберат по 4.000 евра од локалната заедница, ќе се квалификуваат за т.н. matching грант во еквивалентен износ.

Академијата за одржливост 2019 е активност во рамки на проектот “SIGN Up for Impact” финансиран од Европската Унија и Балканскиот Фонд за Демократија.

Vezba