SIGNs of CHANGE – ИЗЛОЖБА ПО ПОВОД ДЕСЕТГОДИШНИНАТА НА SIGN МРЕЖАТА

SIGN Мрежата на фондации од Западен Балкан ја прослави 10-годишнината од основањето со организирање на еднодневна конференција и изложба насловени “SIGNs of CHANGE“. Изложбата се одржа во Домот на филантропијата во Брисел на 8 октомври 2019 година.

мптѕ халл

SIGN Мрежата на фондации од Западен Балкан е основана во 2009 година како регионална мрежа на фондации од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и од Косово. Во своето десетгодишно постоење, мрежата даде голем придонес во развојот на филантропијата, меѓусекторските партнерства и долгорочната одржливост на граѓанското општество на локално, национално и регионално ниво. Во 2019 година, SIGN мрежата го слави својот јубилеј презентирајќи ги своите најважни активности и резултати што ги одбележаа изминатите десет години.

slika stolbovi

За време на настанот чиј домаќин беше European Foundation Centre  и неговиот извршен директор Џерард Салоле, учесниците имаа можност да дискутираат за развојот на филантропијата во регионот на Западен Балкан. Претставници на Фондацијата Траг од Србија, Фондот за активно граѓанство од Црна Гора, Фондацијата Мозаик од Босна и Херцеговина, Форумот за граѓански иницијативи од Косово, ХОРУС од Северна Македонија и Фондацијата Каталист од Србија разговараа за тоа како тие ги поддржуваат непрофитните организации во нивните земји во активностите за мобилизација на ресурси и градење доверба во нивните заедници, како и во поттикнувањето на општествените промени.

branko

Пошироката јавност изложбата ќе може да ја посети бесплатно во Домот на филантропијата во Брисел, од понеделник до петок од 9:00 до 17:30 до 30-ти ноември, 2019 година.

vesna i maja

SIGNs of CHANGE конференцијата и изложбата се дел од проектот “SIGN Up for Impact: Развој на филантропијата за посилно граѓанско општество“, имплементиран од мрежата SIGN со финансиска поддршка на Европската Унија и Балканскиот Фонд за Демократија.

horus