ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИСТРАЖУВАЊА: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ФИЛАНТРОПИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА ВО 2018 ГОДИНА И КОМПАРАТИВНА СТУДИЈА ЗА ПЕРЦЕПЦЕПЦИЈАТА НА ФИЛАНТРОПИЈАТА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН

На 12 Ноември 2019 во  Хотел Stone Bridge Скопје, во организација на  ХОРУС се одржа презентација на две истражувања – Годишниот извештај за состојбата со филантропијата во Mакедонија во 2018 година и Компаративната студија за перцепцијата на филантропијата во  Западен Балкан.

DSC_0388

Овие две комплементарни истражувања даваат детален преглед на клучните статистички наоди за филантропските активности на различни видови на донатори од  Македонија и дијаспората во 2018 година, како и за знаењата, ставовите и практиките на граѓаните од 6 земји од Западен Балкан поврзани со донирањето во филантропски цели.DSC_0423

Годишниот извештај за состојбата на филантропија во Македонија  е подготвен со помош на базата на податоци Giving Balkans, како најверодостоен извор за донациите во регионот. Извештаите од медиумите се собрани преку следење на објави на електронски, печатени и онлајн медиуми на локално, регионално и национално ниво во  Македонија во периодот од 1 јануари до 31 декември 2018 година. Во текот на овој период регистрирани се 2.001.676 ЕУР.

DSC_0421

Настанот се реализираше во рамки на проектот “SIGN Up for Sustainability”, имплементиран од страна на SIGN регионалната мрежа на фондации од Западен Балкан,  финансиран од Европската унија и кофинансиран од Балканскиот Фонд за Демократија.

Годишниот извештај за состојбата со филантропијата во  Mакедонија во 2018 година може да го превземете овде

Компаративната студија за перцепцијата на филантропијата во  Западен Балкан може да ја превземете на следниов линк

DSC_0430